-->
-->
Амбасадорката на Швајцарија во посета на Делчево
-->
Денеска во работна посета на невладината КХАМ од Делчево престојуваа амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Тејада и директорката за Источна Европа на Швајцарската агенција за развој и соработка, Елизабет вон Капеље, донатори со кои оваа невладина органзиација соработува повеќе години и е еден од најголемите поддржувачи на проектите за институционален развој на организацијата.
Како што истакна Зекир Абдулов, директор на НВО КХАМ, оваа работна средба на високи претставници од нивните донатори, претставува голема чест за организацијата и потврда дека НВО КХАМ се движи во вистинска насока.
- Меѓу 100 организации во Македонија, ние бевме на агендата на првите луѓе од Швајцарската амбасада и на Швајцарската агенција за развој и соработка. Целта на посетата е да се запознаат со нашата работа, условите во кои работиме, проектите што ги реализираме и кои се тие промени кои ние придонесуваме да се случат како резултат на нивната поддршка и одржливоста на самата организација, рече Абдулов.
Тој додаде дека НВО КХАМ со поддршка од швајцарскот буџет работи на низа проекти за институционален развој на организацијата, во која денеска се ангажирани 20-ина лица како координатори, асистенти на проекти и сл.
- Линеарно нашиот буџет се зголемува откако работиме со нив или од 2011 година до 2016 буџетот кој за проекти ги добива организацијата од овие донатори се зголеми двојно. На пример, во 2011 година имавме средства во висина од 6 милиони данери, а денеска веќе имаме околу 12 милиони денари, средства преку кој ние ги реализираме проекти за институционалниот развој на организацијата, што значи дека самата организација со помош на нивните грантови напредува и зајакнува, рече Абдулов.
Во моментов КХАМ реализира проекти од областа на здравствената програма, програма за намалување на невработеноста, програма за учество во јавниот и политичкиот живот на жената Ромка, програмата за антидскирминација на граничните премини и социјална интеграција и социјализација на Ромите, повратници од западноевропските земји.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница
-
По повод 45 години Пекабеско ќе донира 30.000 евра за најмладите
-
Последни пратенички прашања за годинава
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава