Амбасадорката на БиХ Лепа Бабиќ во посета на Прилеп
Амбасадорката на Босна и Херцеговина, Лепа Бабиќ денеска со претставници на општините Бјелина, Невесиње, Котор, Варош и Бања Лука ја посетија локалната самоуправа на Прилеп.
Главната цел на посетата, како што рече прилепскиот градоначалник Марјан Ристески, е применувањето на позитивното искуство на општина Прилеп за искористувањето на средствата од ЕУ-фондовите.
- Посетата на општина Прилеп е поради тоа што во Македонија, Прилеп има искористено најмногу средства од ЕУ-фондовите и разните фондации. Денеска претставниците на општините од Босна и Херцеговина ќе се дружат со службите на општина Прилеп и ќе разменуваат искуства. Разменивме позитивни искуства и мислења околу искористувањето на ЕУ- фондовите и како подобро да се користат средствата од општините во реализација на проекти во корист на граѓаните, изјави Ристески.
На средбата била договорена и заедничка идна соработка на бизнис секторот. - Се надевам дека тие ќе имаат добар престој во Прилеп, дека ќе стекнат многу позитивни искуства, но и ние имаме што да научиме од работењето на општините во Босна и Херцеговина, додаде Ристески.
Ова е втора официјална посета на амбасадорката Лепа Бабиќ на Прилеп.
- Прилеп беше и првиот град кој јас го посетив откако дојдов на оваа функција во Македонија и оттогаш потекнува нашата соработка. Денеска во Прилеп се дојдени претставници на нашите општини да разговараат со луѓето одлокалната самоуправа, да се видат позитивните и негативните искуства, но и да ја продолжиме соработката која во иднина ќе биде поголема, рече Бабиќ.
Претставниците на општините од Босна и Херцеговина со општина Прилеп договорија соработка во повеќе области од општественото живеење.
Ново на Сител
-
МЖСПП: Надминат прагот на алармирање за аерозагадување во Кичево
-
Епидемија на грип во пет области во Бугарија
-
Голем број дојави за подметнати бомби во училишта низ Бугарија
-
Го оштетиле Буџетот за 11.004.500 денари - Финансиска полиција со кривична пријава за едно физичко и едно правно лице
-
Земјотрес со јачина од 5,1 степен на грчкиот остров Лезбос
-
Зеленски бара европски мировници за обезбедување траен мир
-
Бројот на жртви во пожарите во Лос Анџелес се искачи на 28
-
Најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка