Амбасадата на САД во Приштина очекува нови демонстрации поврзани со насилства

Американската Амбасада во Приштина ги повика граѓаните кои се во Косово да не одат на плоштадот Мајка Тереза бидејќи, како што нагласуваат се очекуваат нови демонстрации кои може да прераснат во насилства.
Предупредувањето е упатено откако во косовскиот Парламент одново беше фрлен солзавец, а седницата прекината и пред да почне.
Во Приштина се водат консултации на претседателот на парламентот Кадри Весели и шефовите на парламентарните групи на кои не присуствува опозицијата.
Опозицијата и активисти се пред парламентот на плоштадот над кој летаат хеликоптери на КФОР. Зградата на парламентот требаше да ја напуштат и сите новинари.
Опозицијата бара од премиерот Иса Мустафа да го повлече потписот од Бриселскиот договор или да поднесе оставка. Тие тврдат дека ќе продолжат со протестите со кои ќе ја попречат работата на владата и парламентот.
Претседателот на опозициското движење Самоопределување Глаук Конјуфца тврди дека внесувањето на солзавец во парламентот го помогнала полицијата.
Ново на Сител
-

Намален бројот на работниците во индустријата
-

Андоновски ја почна посетата на САД со претставници на водечки институции од областа на кибербезбедноста
-

Клинтон се согласи да сведочи пред Конгресот во истрагата за Епстин
-

Промотивен настан во Владата по повод имплементацијата на Законот за работно ангажирање лица
-

Лукман потпиша за Атлетико Мадрид
-

Португалија планира да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години
-

Борозан нов ракометар на ГРК Охрид
-

Состанок ЕУ-Западен Балкан посветен на предизвиците на превозниците
