Амандманите на ДУИ за Изборниот законик прва конфронтација во коалицијата со СДСМ
Прва конфронтација меѓу коалициските партнери СДСМ и ДУИ се амандманите кои партијата на Али Ахмети го предложи во однос на измените на изборниот законик, а воведувањето на една изборна единица, што е содржано во изборната програма на СДСМ е нешто од кое премеирот Зоран Заев не се откажува. Сепак тој денеска посочи дека самата коалиција е создадена на здрави програми и основи и постигна сериозни успеси.
Решиле меѓународни прашања, ја интегрирале земјата, направиле серозни домашни реформи и економски успеси.
-Тука ќе стане првата конфронтација, ние сме најавиле една Изборна единица, ќе се бориме до крај. Амандманската расправа можат да ја користат како деловничко право и секако тоа е нивно право. Но, ние ќе опстоиме, јас повикав во Парламентот да се преброиме, да видиме колку од претставниците на граѓаните изразени преку мандати се за промена на изборниот модел и секако тука ќе изгласа Парламентот, одговори Заев на новинарско прашање како ги коментира поднесените пет илјади амандмани за Изборниот законик од страна на ДУИ.
Нагласи дека секое блокирање треба да им биде објаснето на граѓаните и повторно дека верува оти најмногу губи СДСМ, а потоа ВМРО – ДПМНЕ, а сите други добиваат, вклучително и ДУИ.
-На крајот на денот најважна е државата, плурализмот во државата, демократските процеси, изјави Заев, кој денеска заедно со амбасадорот на Кралство Холандија во Скопје, Дирк Јан Коп во рамки на НАТО Караванот дебатираа со студенти од Филозофскиот факултет на УКИМ на тема: „Патот до членството во НАТО: од изолирана до интегрирана земја“.
Додаде дека во целиот овој две и полгодишен период на постоење на оваа коалиција имаше и различни работи што се случуваа.
-Можам да кажам дека за голем дел од прашањата или за најголем дел од прашањата градиме заеднички политики и заедно гласаме. За еден дел од прашањата гледате дека и во самиот состав на коалицијата на СДСМ од 2016 година без ДУИ, онаа што беше иницијалната коалиција имаме понекогаш различности по одредени прашања, истакна премиерот.
Посочи дека директорот на Државниот ревизор заедно го утврдиле, но еве, како што додаде, во последен момент помина во некаков вид на договарање или што и да се случи само албанското име од кандидатите за Судски совет, а македонското име не помина. – Не знам зошто тоа. Јас не ги знам ни кои се кандидатите, Парламентот распишува конкурс, но и за одредени други работи доаѓаат сигнали што ние ги анализираме и ќе провериме што во суштината се случува, рече Заев.
Тој посочи дека на ниво на Влада функционираат, информирајќи дека денеска е утврден Буџетот и е вратен во Собранието.
Многу често, како што нагласи премиерот, не значи дека само победниците можат да формираат влади заради тоа што ако се програмски различни, ако се навистина раскарани имаат проблем, тогаш не може да успеат во коалиции.
Во делот на Законот за употребата на јазиците, тој уште еднаш напомена дека се формира владина работна група, која ќе ги дефинира сите правци на имплементација на препораките од Венецијанската комисија, што е потврдено, потенцира, со наратив од сите, не само со записник од Влада, туку од сите партнери, дека после коментарите по законот и по двата члена, ние ќе постапиме во нивна примена.
– Примената треба да ја спроведиме ако сакаме да бидеме европска земја заради тоа што европските земји кога Венецијанска комисија нешто укажува, таа примена треба да се спроведе, порача претседателот на Владата.
Заев не верува дека во тоа ќе се успее пред предвремените парламентарни избори, како што рече, ако се работи за промени на закон.
– Ако се работи за имплементација во правосудството јас не верувам дека треба промена во закон, заради тоа што двотретинските закони го имаат своето влијание, имаме одложени периоди во самиот закон некаде до април. Верувам дека голем дел од работите практично може да се спроведат, дури и без промена на самиот закон. Не ни требаат сигурно тензии во делот на Законот за употреба на јазиците, рече Заев.
Се осврна на тоа дека тој го претставувал законот, јас ги држев прес-конференциите, подвлече, СДСМ го бранеше повеќе од кој било во Парламентот, а пратениците, истакна, се најзаслужни што го усвоија овој закон и нема да дозволиме да се враќаме назад.
– Се бориме за уставни права, за сите граѓани еднакво и на нив ќе опстоиме, но нема да дозволиме да ги уништиме правата на правда заради одредено наше почитување и давање на одредено јазично право, предупреди премиерот Заев.
На прашањето дали е отворена опцијата да се одложат изборите, премиерот Заев е дециден дека нема потреба за одлагање на изборите.
– Дванаесетти април е усогласен датум. Секако треба да успееме заедно сите да ги спроведеме ратификациите до тој период. Тоа беше основот за можноста за одлагање на изборите. Нема никаква потреба, ниту причина, ниту аргумент за одлагање на изборите, изјави претседателот на Владата, Зоран Заев.
Ново на Сител
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот