Алтхаузер: Парламентот да биде оперативен и да се избере влада
Решението за политичката криза во Македонија е на маса. Потребна е политичка волја за тоа да биде спроведено, Парламентот да биде оперативен, да се организира самиот, да избере претседател, а потоа да се избере и влада која ќе може да делува. Тоа е редоследот, возниот ред, не само за доброто на политиката, туку и за доброто на сите, економијата, општеството, граѓаните.
Ова го истакна германската амбасадорка Кристине Алтхаузер на денешната прес-конференција на која Македонско-германското стопанско здружение ги презентира резултатите од работењето во изминатата година.
Таа смета дека треба што побрзо да се избере претседател на Собранието, и како што наведе, убедена е дека тоа ќе се случи.
Според Алтхаузер, решението на кризата во однос на економијата е задоцнето.
- Предвремените парламентарни избори се одржаа пред четири месеци. Сите анализи покажуваат дека кризата негативно се одразува врз стопанството, забележан е пад на порастот на БДП, зголемен е фискалниот притисок, расте несигурноста и неизвесноста во приватниот сектор, се намалуваат инвестициите, а негативен е и порастот на одобрување на кредитите, посочи амбасадорката Алтхаузер.
Осврнувајќи се на резултатите на германските инвеститори во земјава што беа соопштени, истакна дека звучат парадоксално, но ја отсликуваат флексибилноста на Македонија и нејзината способност да се справи со политичката криза.
Ново на Сител
-
Наставник во средно училиште во Чаир нападнат од свој поранешен ученик
-
Тетовчанец, управител на приватна фирма, измамен за сума од 145.360 долари
-
Потешкотии во мобилната телефонија на А1
-
Едно лице почина откако со товарно возило излетало од патот и се забило во заштитна ограда
-
27-годишен кавадарчанец физички ја нападнал својата баба
-
Откриен идентитетот на двете жртви од вчерашната сообраќајна несреќа
-
Претрес во Битола, пронајдена марихуана
-
Лице од демирхисарско ја запалило плевната на свој соселанец