Македонија
15. јуни 2017 - 14:52

Алтхаузер: Германија е само набљудувач

Германската амбасадорка во Македонија Кристине Алтхаузер денеска одговорајќи на новинарско прашање дали е можен прием на Македонија во НАТО под привремената референца, изјави дека тоа е работа што треба да ја решат Скопје и и Атина, а Германија е само набљудувач.

- Секако дека е значајно тоа што министерот (Никола) Димитров на една од првите свои средби отиде токму во Атина. Ова прашање не би сакала воопшто да го коментирам бидејќи е тоа работа на двете држави. Тука Германија е само набљудувач, изјави амбасадорката Алтхаузер по панел дискусијата „Соработката помеѓу општините, компаниите и граѓанскиот сектор – проект Сити 3 за заштита на климата“, организирана од Амбасадата на Германија во Скопје и „Еко-свест“.