Алтернатива за Сител: Ние не молевме да влеземе во Влада – не молеа домашни и странски фактори
Алтернатива нема информација дека Алијанса би можела да дојде на нивно место во владината коалиција. Од партијата велат дека нивната улога во владејчакото мнозинство била стабилизирачка и дека очекуваат тоа да не биде заборавено.
„Премиерот потврди официјално дека тоа е само шпекулација. За тоа дали Алтернатива може да ја напушти коалицијата не одлучува никој друг, освен партиските органи на Алтернатива, тие што одлучиле за влез на Алтернатива во владата. Вие знаете дека Алтернатива ја стабилизира оваа влада и тоа го знаат добро и нашите владини партнери и меѓународните партнери. Ако некој заборавил на тој чин на Алтернатива, тоа сигурно не е од склероза. Ние не влеговме во влада, бидејќи молевме или се додворувавме, туку бидејќи бевме замолени од низа домашни и странски фактори, поради процесот на евро-интеграцијата.
Всушност парламентарното мнозинство е стабилно и нема потреба за друго засилување.
Нашите односи со другите партнери во владата се коректни, во рамките на колегијални односи. – се вели во изјавата на Алтернатива за Сител
Ставот на Алтернатива доаѓа по информацијата која утрово ја објави Прес24 дека Алијанса за Албанците преговара за влез во владата токму на местото на Алтернатива.
Ново на Сител
-
Израелската армија издаде наредба за евакуација на Балбек
-
Почна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди од повикот објавен во февруари годинава
-
Тешко повреден возач на трактор - изгубил контрола над возилото
-
Извештај на ЕК : Низок оперативен и административен капацитет за сите видови транспорт
-
Израел проценува дека 51 заложник држени во Газа се живи
-
БиХ: Во Јабланица се одржуваат локалните избори одложени поради поплавите
-
Прегазена 78-годишна жена - сторителите фатени преку видео снимки
-
Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Аргентина