Алтернатива: Пратеникот Скендер Реџепи треба да го врати освоениот мандат во име на партијата
По вчерашното информирање од страна на пратеникот Скендер Реџепи дека отсега ќе настапува како независен пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, политичката партија Алтернатива реагира преку соопштение на Фејсбук, во кое наведува дека ова е целосно негова лична одлука и нема никаква врска со каков било став што се поврзува со некој орган или структура на партијата.
– Алтернатива изразува жалење за ваквата одлука на пратеникот Реџепи и ја информира јавноста дека оваа одлука не влијае со ништо во пратеничката група на Алтернативата, ниту ќе влијае врз парламентарното мнозинство, но ниту во учеството на партијата во извршната власт. Иако индикативно е дека ова негово повлекување доаѓа токму во време кога македонската опозиција организира протест за напад на парламентарното мнозинство, ова прашање останува да го разјасни самиот тој, потенцираат од Алтернатива.
Бидејќи мандатите на пратениците од овој пратенички состав, следствено и на нашата партија, се добиени под логото и името на партијата, а не како независни кандидати, од Алтернатива посочуваат дека се надеваат оти пратеникот Скендер Реџепи – во име на политичкиот морал и обврска до партиските структури кои го направија пратеник – да го врати мандатот добиен во име на партијата.
Ново на Сител
-

Поранешните лидери на ОВК се изјаснија за невини во завршните зборови пред судот во Хаг
-

Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

Орбан: Украина ја уценува Унгарија со затворање на нафтоводот „Дружба“
-

Јаневска: Универзитетите да отвораат студиски програми според потребите на пазарот на труд
-

Од раѓање до уништување: Животниот циклус на една планета
-

Гоце Наумовски избран за нов уставен судија
-

Две лица во притвор поврзани со заплената на 5 тони марихуана во Србија
