Алкалоид го совлада АЕК во првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп

Ракометарите на скопски Алкалоид со предност од четири голови се враќаат од Атина каде вечерва го совладаа АЕК со 29-25 во првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп пред реваншот идната недела на домашен терен.
Грчкиот тим го отвори натпреварот со водство од 2-0, но Алкалоид брзо ги консолидираше редовите во своето дебитантско финале на европската сцена и со серија од 3-0 го презеде водството кое го одржуваше до 20 минута.
АЕК врати со серија за ново водство од два гола (14-12) во 25 минута, но финишот им припадна на ракометарите на Алкалоид кои не му дозволија на противникот да постигне гол во завршните пет минути, а на спротивната страна реализираа четири напади за предност од два гола пред стартот на полувреме.
Алкалоид со гол го отвори вториот дел од дуелот за предност од највисоки три голови разлика која избраниците на Кирил Лазаров ја одржуваа во најголем од второто полувреме, а во самата завршница дојдоа и до највисоки плус четири голови предност пред реваншот во Скопје.
Натпреварот одигран во олимписката „Сунел арена“ пред повеќе од 8.000 гледачи неколку минути беше во прекин во второто полувреме поради инцидент предизвикан од навивачите на АЕК, кои фрлаа предмети кон клупата на Алкалоид. Инцидентот што се случи во 40 минута уследи по третиот во серија одбранет пенал од голманот Галевски, кој го заврши натпреварот со девет одбрани од кои пет одбранети седмерци од шест обиди на ракометарите на грчкиот тим
Серафимов со шест голови беше најефикасен во редовите на Алкалоид, а Кизиќ запиша десет одбрани на голот.
Реваншот во Скопје е закажан за 25 мај во салата „Борис Трајковски‘.
Ново на Сител
-

Нема привремено решение за камионџиите, правилото 90/180 останува да важи
-

Јаневска: Усвоивме дел од забелешките за Законот за високо образоваине
-

Македонија се приклучи на спортските игри за млади
-

Сиљановска го пречека Бегај
-

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту едно пратеничко прашање од СДСМ за случајот Груби
-

СДСМ: Српски служби во случајот Груби
-

Кочани на достоинствен начин ќе ја одбележи годишнината од трагедијата во „Пулс“
-

Во Центарот за нега при Црвениот крст има десетина негуватели и 15-тина лични асистенти
