Алијанса за Албанците: Педлогот законот за основно образование не е реформски

Нацрт законот за основно образование кој се уште не е ниту во парламентарна процедура не содржи никави новина. Ова го истакна раководителот на одделот за образование во Алијансата за Албанците Екрем Исмаили на денешната прес конференција во Тетово.
- Овој предлог закон е уште порестриктивен и наместо да нуди просперитет уште повеќе ја има деградирано оваа важна сфера во општеството со тенденција за централизација на образовниот процес. Тука наместо градоначалникот да има автономија во креирањето на образовните политики во општината владата се обидува преку разни мерки да се преземаат ингеренциите и да му се оневозможува управувањето како што е случајот со општина Гостивар, истакна Исмаили.
Според оваа партија, новиот предлог закон за основно образование е копија на стариот закон со една површинска шминка што вклучува многу нејаснотии и носи конфузија во врска со овалстувањата на органите што управуваат, раководат и контролираа определени потсистеми во севкупниот образовен систем. Ова според Исмаили особено се однесува на вертикалното продолжување на ингеренциите на управните органи и нивното испреплетување и мешање со ингеренциите на управниот и раководниот орган, Советот на општината, градоначалникот, Бирото за развој на образованието, министерството за образование и надлежниот министер.
Тој обвини, без да посочи повеќе детали, дека во пресрет на новата школска година министерството за образование и наука склуччило договор во четири очи со фирма од Тетово во вредност од 5,3 милиони евра надвор од било која постапка.
Ново на Сител
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим
