Алијанса за Албанците и Алтернатива: Оваа Влада не е спремна да направи кредибилен попис
На официјалната веб-страница на владата „Vlada.mk“, меѓу другото, објавени се информации во врска со пописот на дијаспората.
Во него експлицитно стои: „За граѓаните кои не се во земјата за време на пописот, информациите се обезбедуваат од членови на семејството или граѓани кои најдобро ги знаат податоците за тие лица, под услов лицето кое ги дава информациите да поднесе валидна документација, од каде ќе се добие ЕМБГ за лицето што треба да се регистрира, што гарантира валидност на информацијата“
Затоа, мора да ве потсетиме дека, за само неколку дена, ова е втора конфузија по ред во врска со пописот во релацијата закон и методологија. Сега, по втор пат, за жал, се потврдува дека како коалиција бевме целосно во право кога побаравме методологијата да биде вклучена во пакетот со Законот. Но, нашиот предлог беше одбиен од владата и, како резултат, овие коментари ни се случуваат во целосна спротивност со законот за попис на населението. Првиот пат ова беше поврзано со пописот на етничка и верска припадност на дијаспората, кога имавме конфузија и контрадикторни изјави на директорот и заменик директорот на Заводот за статистика, додека сега имаме информации на владината веб-страница, што е спротивно на одобрениот закон за попис. Во овој случај, се поставува прашањето: од каде ќе го добијат пасошот или лична карта на членови на семејството кои се во странство?
Бидејќи, како што знаеме, Законот вели дека „доволно е да се прогласи само матичниот број“. Ова е второ отстапување по ред во однос на Законот за попис и методологија.
Две толку големи отстапувања за многу кратко време не прават да се сомневаме дека оваа влада не е подготвена да изврши кредибилен попис
КОАЛИЦИЈА АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ & АЛТЕРНАТИВА
Ново на Сител
-
Кардиналите во Ватикан разговараа за голем број прашања, вклучувајќи ја и сексуалната злоупотреба во црквата
-
Мерц најави дека ќе го повика Трамп сите царини да ги сведе на нула
-
Санчез: Не може дефинитивно да се потврди поради што е прекинот на електричната енергија на Иберискиот Полуостров
-
ЈО: Ги повикуваме семејствата на настраданите во пожарот во Кочани на средба со обвинителите кои работат на случајот
-
Загина 75-годишен возач во сообраќајка во Чаир
-
Престижните универзитети во САД создаваат обединет фронт против Трамп
-
Путин прогласи еднострано тридневно примирје во Украина од 8 до 10 мај
-
Кривични пријави против поранешни вработени во МВР, го оштетиле буџетот на министерството за 3.314.870 денари