Али Ахмети од Брвеница: 17 години се залагаме за НАТО и ЕУ
Демократската Унија за Интеграција во пресрет на активностите во рамките на кампањата за референдумот што ќе се одржи на 30 септември одржа собир со граѓаните во Општина Брвеница.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети рече дека треба да стоиме што подалеку од политиките коишто се под влијание на Истокот затоа што историски овој народ и припаѓа на западната култура.
" Тука не станува збор само за референдум што ќе се одржи на 30 септември, но станува збор за стратегиски, геополитички планови, затоа на 30 септември се запечатува поновата историја на Република Македонија, за тоа дали ќе припаднеме во блокот за кој сме се ангажирале веќе 17 години, станувајќи филозофска и историска определба за да се построиме до земјите членки на НАТО. Една друга историска мисија е ова земја да стане членка на Европската Унија. На 30 септември се одлучува за иднината на ова земја, се одлучува за новите генерации на ова земја. Имаме историска одговорност сите ние заедно" истакна претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Во придружба на претседателот на ДУИ, Али Ахмети во Општина Брвеница присутни беа и пратеникот Џеват Адеми, министерот за образование и наука, Арбер Адеми, вицепремиерот Хазби Лика и државниот секретар во Министертвото за земјоделство, Нефрус Челику.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.