Али Ахмети од Арачиново: ДУИ даде придонес за поканата за членство во НАТО
Демократската Унија за Интеграција во текот на вчерашниот ден беше присутна во Општина Арачиново, каде на жителите на селата што припаѓаат во ова општина им се објасни важноста од гласањето на 30 септември за да се зачлениме во најголемата воена алијанса НАТО, гласајќи за Европска Македонија.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети истакна дека Албанците се луѓе со добра волја, го сакаат животот, иднината, ја сакаат слободата.
- Не се сомневам на определбата, ниту на силната волја на Албанците дека на 30 септември ќе и кажат да на Европа, да на НАТО, да на иднината. Албанците беа неиздвоен дел од процесот, ние бевме дел од решението на овој процес, дел од решението на овој спор. Ви гарантирам како ваш брат, дека со зачленувањето на ова земја во НАТО и Европската Унија завршува сонот на Истокот за да владеат со Албанците во овие простории. Излезете и гласајте ЗА Македонија на 30 септември, затоа што се одлучува нашата иднина, иднината на ова земја, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Во средбата со граѓаните на Арачиново, во придружба на претседателот на ДУИ беа присутни вицепремиерот за европски прашања и пратеникот Ејуп Алими. За време на денешниот ден е предвидено средба со граѓаните во Општина Студеничани и Општина Шуто Оризари.
Ново на Сител
-
Додик: Република Српска не може и нема да се откаже од своите позиции
-
Просечниот животен век на Кинезите достигна 79 години
-
Руските специјални сили пробија гасовод во обид да ги изненадат украинските сили
-
Барселона одби 100 милиони евра за Рафиња и му нуди нов договор
-
Лекорни: Франција ќе ја користи каматата од замрзнатите руски средства за вооружување на Украина
-
Малолетник пријавен во полиција во Неготино, физички нападнал момче
-
Жан-Ноел Баро: Путин покажува „голема грозница“ и сака да избегне мир
-
Утрe штрaјк нa врабoтените на аеродромите во Германија, аеродромот во Хамбург веќе е затворен