-->
-->
Алфите го опколија скопско Раовиќ, уапсени браќа што пукале со пушка пред тригодишно дете
-->
Вчера околу 09.30 лицето во ЕИК-Скопје, А.Н.(29) од с.Раовиќ-Скопје, пријавил дека додека се движел со патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ по локалниот пат од с.Буковиќ кон с.Раовиќ, во кое возило биле неговата сопруга и тригодишното дете, од страна на друго патничко возило “Фолксваген Голф“ му бил попречен патот.
Кога запрел со движење, според пријавата на А.Н. од возилото кое му го попречило патот излегле браќата Д.Ј.(1975) и И.Ј.(1977) од с.Паничари, од кои едниот бил вооружен со автоматска пушка, а другиот со пиштол, и од пушката, наводно е истрелано неколку пати кон него. А.Н. успеал да се врати назад и да избега.
Додека траела потрагата по лицата кои се посочени дека пукале, на влезот во с.Раовиќ, полициски службеници (тим на „АЛФА“) биле запрени од три лица за кои подоцна е утврдено дека се И. Ј., Д. Ј. и Ш. Р.(1995) од с.Копаница, и истите пријавиле дека на патот од с.Буковиќ кон с.Раовиќ имале вербална расправија со А.Н., кој во еден момент извадил пиштол и го вперил кон нив, по што истите се дале во бегство.
На местото на кое е пријавено дека се случил настанот не биле пронајдени чаури, а при преглед кај сите инволвирани лица, засега не е пронајдено никакво оружје и е констатирано дека нема повредени и не е предизвикана било каква материјална штета.
Лицата кои се посочени дека пукале од автоматска пушкa се приведени во Полициската станица Кисела Вода и се работи на расветлување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки
-
Тема на денот со Татјана Стојановска, активист во иницијативата О2
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина
-
Владата и банките договорија 1,95% камата за унгарските пари
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година
-
Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси
-
Регионална депонија во Новаци во стар рударски коп на РЕК Битола