-->
-->
Ален Делон ќе го снима својот последен филм
-->
Легендарниот француски актер Ален Делон најави дека на есен ќе почне со снимањето на својот „последен филм“.
- Тоа ќе биде мојот последен филм. Исто како што боксерите не сакаат премногу борби, така ниту јас не сакам премногу филмови, изјави Делон.
Тој нагласи дека станува збор за филм во кој ќе толкува улога специјално напишана за него, но одби да соопшти повеќе детали за сценариото.
Филмот ќе го режира Патрис Леконт, а партнерка на Делон ќе му биде Жулиет Бинош.
Делон на големото платно последен пат се појави во 2008 година во филмот „Астерикс на Олимписките игри“, во кој го толкуваше ликот на Гај Јулие Цезар.
По ова тој се повлече од пред камерите и се посвети на настапи во театарски претстви.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o