Алексис Ципрас пред Европскиот парламент во Стразбур

Неколку часови по неуспешниот самит во Брисел, грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска учествува во дебатата на пленараната сесија на Европскиот парламент, јави дописникот на МИА од Стразбур.
На дебатата за заклучоците од европскиот самит, покрај Ципрас, чие обраќање се очекува со голем интерес, ќе говорат уште и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск.
За дебатата се пријавени над трисет европратеници, на кои Ципрас ќе треба да им даде одговори за грчката позиција и предлозите за излез од кризата.
Ципрас на влезот во салата беше поздравен со аплаузи од негови привзаници, кои излегоа во холот за да се поздрават со него, но и со свирежи, што доволно зборува за поделеноста меѓу европратениците по прашањето на грчката криза.
Ново на Сител
-

Во Врање е уапсен Саит Саитов кој смртно прегази жена во Капиштец
-

Бројот на странските туристи лани зголемен за 10,3 отсто
-

Ф1: Норис најбрз на тестирањата во Бахреин
-

ЗОИ2026: Штолц најбрз на 1.000 метри брзо лизгање со олимписки рекорд
-

Реал, како последен, се повлече од Суперлигата
-

ССМ напладне ќе ги блокира работодавачите, бара зголемување на платите
-

Новиот член на Судскиот Совет Садула Изаири ќе даде свечена изјава
-

Мисајловски на состанок на министри за одбрана на НАТО во Брисел
