АЛДЕ го отфрли барањето на Пет ѕвезди за приклучување кон либералите во ЕП
Претседателот на групата на либералите и демократите (АЛДЕ) во Европскиот Параламент Ги Верхофстат ја отфрли вечерва можноста на италијанското Движење Пет ѕвезди да се приклучи кон неговата парламентарна група.
- Нема доволно гаранции за заеднички дневен ред за реформирањето на Европа, нема доволно заеднички полиња за дејствување по барањето на Пет ѕвезди за приклучувањето кон групата на АЛДЕ, изјави Верхофстат.
- Постојат основни разлики во клучните европски прашања, додаде тој.
Претходно, симпатизерите на евроскептичното италијанско Движење Пет ѕвези ја прифатија идејата на неговите европратеници да ја напуштат парламентарната група на евроскептиците во Европскиот Парламент и да се приклучат кон групата на европски либерали.
Идејата беше иницирана од основачот на движењето Бепе Грило.
Движењето Пет ѕвезди е во парламентарната група наречена Европа на слободата и директната демократија, а во неа е и Партијата на независноста на Обединетото Кралство на Најџел Фараж.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива