„Албеу“: Кој сака да го отруе Еди Рама?
„Кој сака да го отруе Рама?“ Оваа „конспиративна теорија“ ги преплавува онлајн медиумите во Албанија, посебно затоа што премиерот Еди Рама, каде и да патува носи леб и храна од Тирана, објави порталот „Албеу“.
Според истиот извор, во последно време каде што престојувал, во кое било семејство, тој од поставената трпеза не земал ништо подготвено од други раце.
„По информациите од домашната разузнавачка служба и странски партнерски служби во врска со планот за труење на премиерот Еди Рама преку храна, загрижените безбедносни институции го вклучија алармот, што пак всади паника кај премиерот. Не се знае дали зад ова стои домашен фактор или странски служби, но оваа информација ги стави во движење безбедносните стуктури во Албанија, кои ги засилија мерките и го зголемија вниманието околу заштитата на премиерот Еди Рама“, наведува порталот.
Деновиве, на сите средби и посети надвор од Тирана, Рама не сакал да косумира ништо без да биде претходно контролирано.
Исто така, на премиерот му е забрането да пие вода или кафе за време на состаноците поради стравувањата од можноста „заинтересираните фактори за негова елиминација тоа и да го сторат“.
„Се уште не се знае кој стои за овој обид, но еден ваков настан не само што ќе ја дестабилизира Албанија, туку може да го дестабилизира и целиот Балкан“, констатира „Албеу“.
МИА
Ново на Сител
-
На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
-
12-годишник и го нападнал синот на Скопјанка, таа го однела дома и го држела одреден период
-
Во Кисела Вода пронајден починат маж на автобуска постојка
-
Турчинка физички нападната од такси возач во Скопје
-
Мицкоски: Не може да има промена на имиња на улици без консензус
-
Владата го примила предлог-текстот за пругата на Коридор 8 предложен од Бугарија
-
Полска и Канада потпишаа договор за соработка во областа на нуклеарната енергија
-
Сашко Коцев: Беа во цивилка, не знаев дека се полицајци