Балкан
22. October 2017 - 9:24

Албанскиот Парламент се подели околу имунитетот на Саимир Тахири

Барањето на Јавното обвинителство за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот албански министер за внатрешни работи и актуелен пратеник Саимир Тахири, предизвика поделба во Парламентот на Албанија.

Мандатно-имунитетната комисија на албанскиот Парламенет расправаше по барањето на Обвинителството за одземање на имунитетот на Тахири, кој е обвинет за корупција и вмешаност во шверц на дрога, но нејзините членови не успеаја да се усогласат околу препораките што ќе им бидат предложени на пратениците на седницата закажана за в среда,

Членовите на Комисијата од редовите владејачката Социјалистичка партија предлагаат на Тахири да му се забрани напуштање на земјата со обврска редовно да се јавува во полиција и да се одобри претрес на неговата куќа и имот.

Од друга страна, опозициските пратеници најавија дека до Парламентот ќе достават друг предлог да се одобри апсење на Тахири и претрес на неговата куќа.

Албанското Јавно обвинителство за тешки кривични дела во четвртокот достави барање до Парламенот за одземање на пратеничкиот имунитет на Тахири.

Во официјалното соопштение стои дека барањето е во рамки на истрагата покренета по добиените документи од италијанските власти за поврзаност на криминална група, што се занимавала со шверц на големи количества на мархуана од Албанија во Италија, со претатвници на албанските власти, меѓу кои и со Тахири.

Врз основа на податоците од досегашната истрага Обвинтелството бара од парламентарна Мандатно-имунитетната комисија дозвола за апсење, лишување од слобода и претрес на домот на Тахири.

Италијанската полиција во средата до албанските власти достави документи и транскрипти на 400 страници од прислушувани разговори, од кои произлегува дека неколку блиски соработници на албанскиот премиер Еди Рама, меѓу кои и Тахири биле вклучени во шврец на марихуана. 

На една од снимките на телефонскте разговори соговорник на Тахири му ветуваат 50.000 евра за „да замижи“, кога големо колчество мархуана требало да биде префрлено од Албанија за Италија.

Предавањето на транскриптите на албанските власти уследи откако италијанската полиција во една од своите многубројни акции за борба против на трговијата со дрога од Албанија во Италија го уапси Моси Хабити, кого албанските медиуми го нарекуваат „балкански Пабло Ескобар“.