Албанската полиција уништи околу 11 илјади стебла марихуана
Албанската полиција продолжува со акцијата на унишштување на парцели засадени со марихуана.
Само во текот на вчерашниот ден во подрачјтео на Круја уништени се над 10 илјади стебла марихуана засадени на 154 парцели, сите во атарот на селото Мафшеќ. Исто така околу илјада стебла марихуна се уништени во селара Кумбул,кај Мердита, Ѓобардај,кај Лежа, како и во подрачјето на Берат.
Пред два дена исто така во подрачјето на Круја беа уништени онад 4 илјади стебла марихуана.
За неполни два месеца од почетокот на широката операција за уништување на парцели засадени со канбис сатива, албанската полиција уништила околу 35 илјади стебла од ова наркотично растение.
-Марихуната е распослана на целата територија. Ја има и во подрачјето на Валона, Тепелена, Круја, Скадар... По падот на бастионот Лазарат, во јуни лани а потоа и Дукаѓини, сега се чини марихуната се размножи ширум земјата, констатираат меѓу другото албанските медиуми.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сара Миленковска
-
Енергетски колапс: Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија со часови без струја
-
Пеколни горештини - Пијте вода, внесувајте електролити, контролирајте го притисокот апелираат лекарите
-
Шетаат змии низ Скопје: Две лица за една недела завршија на Инфективна
-
Таравари во понеделник ќе ги разреши економските директори на здравствените установи
-
Утре седница за избор на нова влада
-
Жените на македонската политичка сцена
-
Овчеполието повторно без вода за наводнување, посевите интензивно се сушат