Албанската опозиција повторно на протест

Обединетата албанска опозиција за денеска во 9.30 часот го закажа осмиот протест, на кој повторно ќе побара оставка од премиерот Еди Рама и формирање преодна влада, која ќе спроведе фер и демократски избори.
Приврзаниците на опозицијата ќе протестираат пред Парламентот во Тирана, во исто време кога во собраниската сала ќе се одржува пленарна седница, на која меѓу другото, заклетва ќе дадат уште неколку пратеници од опозицијата, кои доаѓаат на местото на оние кои се откажаа од мандатите.
На протестот нема да присуствува лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, кој замина во Берлин на средба со високи функционери на ЦДУ и Европските народни партиии. Според партијата, тема на средбите ќе биде актуелната политичка ситуација во Албанија и активностите на опозицијата за смена на Владата на премиерот Еди Рама.
Последнот протест на опозицијата се одржа минатиот четврток, кога исто така се одржуваше пленарна седница и беше многу тензичен, со обиди насилно да се пробие полицискиот кордон и да се влезе во Парламентот, како и фрлање димни бомби и тврди предмети врз полицијати.
Демонстрантите подоцна заминаа пред зградата на Министертвото за внатрешни работи со барање за ослободување на притворените од протестите, каде што имаше обид за насилно влегуање во зградата, но откако тие беа разбиени зградата беше испрскана со црна боја.
Како што претходно најави демократскиот лидер Баша, протест пред Парламентот ќе има секогаш кога ќе има пленарна седница, додека масовен протест пред Владата е закажан за 13 април.
Ново на Сител
-

СДСМ: Во наше време растеа платите
-

Влажен бран со дожд и снег, од понеделник стабилизација и пораст на температурите
-

Трипуновски: Опозицијата шири дезинформации, нема кратење на средствата за субвенции
-

Мерц: Не можам да верувам дека на Минхенската конференција целата сала стана за Рубио
-

ЛШ: ПСЖ со пресврт победа над Монако, Реал го преживеа пеколот во Лисабон
-

Се намалуваат водостоите на реките
-

Не паркирајте под дрвја поради силен ветер, апелира „Паркови и зеленило“
-

Ѓорѓиевски: Службите на терен по неповолните временски услови, апелирам на внимателност
