Албанската мафија ја вознемири Холандија
Мали но многу амбициозни криминални групи. Вака холандскиот весник „Де Телеграф“ ги нарекува криминалните групи организирани од Албанци, кои успеале да профитираат големи износи на пари, главно од шверц со дрога.
Весникот пишува и дека албанските криминалн групи се вмешани и во серија брутални убиства, како и во трговија со кокаин.
Според написот, во кој како пример се посочува убиството на извесен Илирјан Сулку извршено лани, карактеристиките кои холанската полиција ги посочува за албанската мафија се дека таа е премногу насилна, многу мобилна и еластична и успева да се вклопи како камелеон во криминалот.
- Од 381 опасни криминалци барани од Интерпол, дури 160 се албански државјани, застрашувачка бројка во однос на популација од 3,6 милиони, наведува весикот, додавајќи дека полицијата се плаши од амбицијата на овие криминални групи.
Ново на Сител
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола