-->
-->
Албанец фатен со десет килограми марихуана
-->

Албанец бил фатен во шверц на десет килограми марихуана, завчера на граничниот премин „Деве Баир“, информираше Царинската управа.
- На 27 март за излез од државата се пријавил автомобил со албански регистарски таблички, управуван од албански државјанин. Возилото е селектирано за царинска контрола и по извршениот преглед на возилото, во внатрешноста на возилото, во специјално направени бункери, биле пронајдени 16 пакувања со марихуана- велат од Царината.
Царинската управа до надлежното Основно јавно обвинителство против осомничениот поднесе кривична пријава, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.
Судијата на претходна постапка на осомничениот му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски: Бугарија да го препознае стратешкиот момент
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е уценет
-

Мицкоски на „Македонија 2025“: Преку поврзување до економски раст
-

Дејвид Гета во Скопје за прославата на независноста
-

Климатските промени влијаат врз пчеларството
-

Се помалку медицински сестри, се поголем притисок во болниците
-

Преглед на вестите од светот
-

Со 20.000 евра казнета фирмата чиј камион нелегално исфрлаше шут во скопски Аеродром
