Македонија
14. February 2019 - 21:41

Алабанија го ратификуваше пристапниот протокол за членстото на Македонија во НАТО

Со 130 гласа “За” и ниту еден против албанскиот Парламент го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО. Седницата почна со едноминутен молк во знак на почит за жртвите од сообраќајната несреќа во Ласкарци. Дебатата која уследи беше тензична и  фокусирана на домашната политика, наместо на протоколот.  Опозицијата го обвини премиерот рама за криминал, по што тој му се извини на а гостинот од  Македонија, спикерот Џафери,  за  некултурното однесување на своите колеги. Расправата кулминираше, кога пратеникот на Демократската Партија Еди Палока истури боја  врз  премиерот.  Седницата беше накратко прекината  и откако страстите се смирија ,  протоколот беше  ратификуван . По гласањето,  Џафери се заблагодари на поддршката.

Без Албанците не би постоела Северна Македонија, а за Албанија територијалниот идентитет на Северна Македонија не само што е неприкосновен, туку е од витално значење и за нашата сегашност и за нашата иднина, мирот и стабилноста. Нашата улога во овој историски процес беше поддршката. Мирната ситуација е првенствено заслуга на албанските политички лидери таму и премиерот визионер Зоран Заев, кого го поздравувам.

Албанија е трета земја членка на Алијансата која го ратификуваше протоколот. Пристапниот документ го одобри и владата во Софија . Со истата одлука е предложена и  негова ратификација во Народното Собрание на Бугарија.