Ал Каеда ги повика „синовите на исламот“ да ги напаѓаат Евреите и нивните сојузници насекаде
Терористичката мрежа Ал Каеда ги повика симпатизерите да почнат да ги напаѓаат Евреите и нивните сојузници ширум светот.
„Џихадот против агресивните Евреи и нивните сојузници нека се прошири на секоја земја, море и небо“, се наведува во соопштението објавено вчера преку вообичаените пропагандни канали на терористичката мрежа, пренесе Хина.
„Синовите на исламот треба да ги нападнат ционистите“ на улиците на Дубаи, Абу Даби, Саудиска Арабија и Бахреин, пишува Ал Каеда.
Терористичката група ги повика симпатизерите и другите исламисти да им се придружат во борбата. Исламистичката милитантна група Хамас минатата сабота изврши масакри на југот од Израел, убивајќи над 1.
300 лица во израелските погранични градови и на музички фестивал, а повредија 3. 391. Палестинското Министерство за здравство наведе дека во израелскиот одговор досега во Газа се загинати над 1.
900 Палестинци, а повеќе од 7. 696 се ранети. Ал Каеда ги повика милитантите да ги нападнат поддржувачите на Израел.
„Затресете го тлото под американските воени бази, нивните аеродроми и амбасади во нашите исламски региони.
Затоа што од нивните магацини муницијата оди во Израел и паѓа врз главите и градите на нашите браќа Палестинци“, се додава во соопштението на терористичката мрежа.
Меѓутоа, останува отворено прашањето колкаво е влијание на оваа терористичка група.
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
