Ал Багдади погребан во море, исто како Бин Ладен
Посмртните останки на лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади се погребани во море, откако загина за време на воената операција на САД во неговиот камп во северозападна Сирија минатиот викенд, потврди денеска неименуван американски официјален претставник.
Властите не објавија детали за тоа кој американски воен брод бил користен за погребот, ниту во кое море е спуштено телото, но официјални лица за Еј-Би-Си Њуз изјавиле дека постапката била слична на онаа што се користела при положување на телото на основачот на Ал Каида Осама бин Ладен.
Во исламот, луѓето обично се погребуваат во земја, без ковчег, пред петдневниот период на молитви, но САД очигледно не сакаа гробот на ал-Багдади да стане светилиште за терористите, коментираат светските агенции.
Во 2011 година, телото на Бин Ладен беше спуштено во Северното Арапско Море од американскиот носач на авиони Карл Винсон.
Началникот на здружениот Штаб на американската армија Марк Мли денеска одби да каже дали телото на ал Багдади е погребано во море. Тој рече дека положувањето на неговите посмртни останки и оти е извршено на соодветен начин, по дополнителни ДНК анализи на безбедна локација.
Во исто време, неименуван функционер на Стејт департментот рече дека по убиството на ал Багдади, бил ликвидиран и друг припадник на Исламска држава, Абу ел Хасан ел Мухајир.
Тоа се случило во заедничка акција на курдските и американските трупи, исто така во северна Сирија.
Ново на Сител
-
На седиште во меѓуградски автобус оставил торба со марихуана, полицијата ја пронашла - кривична за 18-годишник
-
Руте: Длабоко сум загрижен за безбедносната ситуација во Европа
-
Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва
-
Оставка на 15 вработени во белградската Воздухопловна академија го спречува почетокот на наставата
-
Штетите од пожарите во Јужна Калифорнија се проценуваат на 250 до 275 милијарди долари
-
Фјури објави дека се повлекува од боксот
-
МЗ: Коска од починат донор имплантирана на прсти кај 13-годишно дете на Клиниката за ортопедија
-
ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои ризик од раст на активноста на вирусот