Македонија
8. September 2015 - 20:48

Аква паркот ја заврши сезоната

Аква паркот кој работи во рамки на СЦ „Борис Трајковски“,  ја затвори овогодинешната, трета по ред сезона. 

Како што соопштуваат оттаму, годинава се продадени близу 42.000 влезници. 

Овогодинешната сезона Аква паркот ја почна на 10 јуни и беше планирано да работи до 10 септември, но поради падот на температурите  денеска беше последниот работен ден. 

Посетителите и оваа сезона можеа да ги користат десетте тобогани односно „бумеранг“, „спејс бал“, тобоганот со ноќни ефекти, базен со бранови, мрзлива река и слично. Аква-паркот оваа сезона работеше секој ден од 10 до 20 часот, а за безбедноста на посетителите и годинава се грижеа 36 спасувачи од Црвен крст.