-->
-->
Аква паркот ја заврши сезоната
-->
Аква паркот кој работи во рамки на СЦ „Борис Трајковски“, ја затвори овогодинешната, трета по ред сезона.
Како што соопштуваат оттаму, годинава се продадени близу 42.000 влезници.
Овогодинешната сезона Аква паркот ја почна на 10 јуни и беше планирано да работи до 10 септември, но поради падот на температурите денеска беше последниот работен ден.
Посетителите и оваа сезона можеа да ги користат десетте тобогани односно „бумеранг“, „спејс бал“, тобоганот со ноќни ефекти, базен со бранови, мрзлива река и слично. Аква-паркот оваа сезона работеше секој ден од 10 до 20 часот, а за безбедноста на посетителите и годинава се грижеа 36 спасувачи од Црвен крст.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно