Актон: Закерберг не е лош човек, ама е дел од добар бизнис-тим
Соосновачот на Ватс-ап, Брајан Актон, пред извесно време одлучи да го напушти Фејсбук, па сега за својот шеф Марк Закерберг тој вели дека „не е лош човек, ама е дел од добар бизнис-тим“.
Од самиот почеток на соработката, тие имале несогласувања. Според Актон, одговорните во Фејсбук сакале апликацијата Ватс-ап да им покажува реклами на корисниците, а создавачите на програмата сакале да воведат посложено криптирање што ќе ги заштити личните податоци на луѓето. Поради сето тоа, во ноември 2017 година Актон решил да напушти.
- На крајот на краиштата, јас им ја продадов својата компанија ним. Ја продадов довербата на корисниците за големи приходи. Направив избор и компромис. Живеам со тој избор секој ден. Тимот на Закерберг претставува збир од бизнис-практика, принципи, етика и политики, со кои јас не сум целосно согласен, изјави Актон.
Притоа, тој вели дека Марк е „доста загадочен и не може да се каже нешто интересно за него".
Во март, Актон на Твитер напиша дека ја поддржува кампањата #DeleteFacebook (избриши го Фејсбук), по сознанието дека Фејсбук продава лични податоци од своите корисници за политички и комерцијални цели.
Ново на Сител
-
Почнува изградбата на Ветерниот парк Штип, инвестиција вредна над 500 милиони долари
-
Во ЕУ има двојно повеќе семејства со домашни миленици отколку со деца
-
Трамп: Наскоро ќе бидат испратени царински писма до помалите земји
-
Сончево и многу топло до 39 степени, освежување од петок
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк