Активни седум пожари, изминатото деноноќие регистрирани 29 пожари на отворено
Центарот за управување со кризи утринава информира дека изминатото деноноќие имало вкупно 29 пожари на отворено од кои седум се уште се активни.
Активен е пожарот меѓу селата Селце и Пухче во општина Штип каде гори мешана шума и пожарот во реонот на армискиот полигон Криволак кон Пенуш каде има многу голема „фронтова“ линија и гори ниска вегетација.
Во општина Македонски Брод меѓу селата Брезница и Тажево гори квалитетна борова шума. Интервенираат 15 вработени од националниот парк „Јасен“ помогнати од 30-тина припадници на Армијата кои деноноќно се борат огнот да не се пробие кон внатрешноста на заштитено повеќенаменско подрачје „Јасен". Вчера, армискиот хеликоптерот „Ми 17“ во два наврата не можел да дејствува од густиот чад.
Активен е и пожарот во општина Чашка меѓу селата Габровник и Мокрени каде гори мешана шума и ниска вегетација Линијата на огнот со повремени прекини и појаки жаришта е голема се до Мукос, над Богомила.
Пожар има и кај селото Небрегово во општина Долнени каде гори нискостеблеста шума, како и кај селото
Гостиражни. Се работи за префрлен пожар од селото Богомила.
Според информациите на ЦУК, под контрола се седум пожари кои се настојува да се доведат во фаза на локализирање. Изгаснати се 15 пожари на отворено.
Ново на Сител
-
Свечено прославен празникот Света Мајка Тереза и 25 години од епископската хиротонија на монсињор Стојанов
-
Повредил дете кое фрлало со камења по неговото куче - Кривична за 67-годишник
-
Гаши на приемот по повод 8 Септември: Сме имале моменти кога сме биле разочарани, но сме создавале можности да продолжиме понатаму
-
Скопје: Таксист нападнал и ограбил татко и ќерка од Турција
-
Пожарот во Мариово не стивнува, нема опасност за верските објекти
-
ЈСП: Неделен возен ред в сабота и понеделник
-
Од полноќ се намалува цената на Еуросупер БС-95
-
Обвинителство: Побарана подготвителна постапка кон дете за предизвикување пожар во Расадник