Активни пожари нема, изминатото деноноќие изгаснати 22 пожара
Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово соопшти дека активни пожари во моментов нема, а изминатото деноноќие се изгаснати 22 пожара.
Шест пожари кои опфатиле ниска вегетација биле регистрирани во Општина Куманово кај селата Брзак, Ропалце, Ваксинце, Ропалце - Умин дол, Рамановце и Средорек, три пожари имало во Општина Гостивар - во населбата „Циглана“, како и во селата Чајле и Дебреше, а зафатиле ниска вегетација и сува трева, по два пожара имало во Град Скопје (Карпош) и Општина Новаци, додека по еден пожар е регистриран во општините Новаци, Ресен, Крушево, Прилеп, Дебар, Брвеница, Кичево, Штип и Пробиштип.
Според ЦУК, во Карпош пожари избувнале покрај улицата „Скупи“, како и кај новиот пат Сарај - Рашче, зафаќајќи сува трева, во Новаци пожари биле пријавени кај село Далбеговци каде горела сува трева и кон Рибарци во месноста „Ергела“ каде гореле стрништа, во општина Ресен пожари имало кај село Стење - Галичник, а зафатена била борова шума, во општина Крушево кај село Св. Митрани - гореле сува трева, отпад и капинки, во општина Прилеп пожари имало на улицата „Три Багреми“ со зафатена сува трева, во општина Дебар кај село Коњари каде исто така горела сува трева, во општина Брвеница кај село Теново, а зафатени биле нива со пченка и сува трева, во општина Кичево гореле стрниште и сува трева кај местото „Бели Воденици“ кај фабриката „Копачка“, во општина Штип кај село Мојанци и во општина Штип кон езерото Мантово горело стрниште, додека во општина Пробиштип пожар избувнал во селото Ратавица каде била запалена нива.
Ново на Сител
-

Полуфиналето на турнирот во Порто и донесе скок на Ѓорческа од 12 места
-

Епидемиологот Оранска од ВМЦ: Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, болеста не потекнува од Армијата
-

Тешко повредено 11 годишно момче во Штип, со велосипед удрило во дрво
-

Без вода утре делови од Карпош
-

Директорот на ДЗС на средба со доброволни пожарникари за засилување на соработката
-

Меморијален марш „Кети Милковска и 63 Ангели“ во Македонска Каменица
-

Министерство за одбрана: Случајот со шуга кај професионални војници не потекнува од касарната во Велес, апелираме да не се манипулира јавноста
-

Недела на традицијата, на грозјето и производи од грозје во Тиквешијата
