Активист на Беса повикан на информативен разговор во полиција поради поставување навредливи знаци за ДУИ низ Тетово
Активистот на движењето Беса, Артан Етеми бил повикан во тетовската полиција на информативен разговор поради поставените знаци на неколку места во Тетово со навредлива содржина за ДУИ.
Претпладнево МИА информираше дека за овој случај полицијата започнала истрага.
Претседателот на Беса, Билал Касами по повикувањето на информативен разговор на активистот побара објаснување од тетовската полиција. Тој во изјава за локалната телевизија Коха од Тетово, истакна дека „полицијата треба да ги брани активистите, наместо криминалците“.
-Ова се случува кога политичките партии, власта оди во погрешен правец, наместо да се занимаваат со заштита на граѓаните и да им служи на граѓаните, се занимаваат со заштита на криминална група, која функционира како паралелна група во ДУИ, рече Касами по напуштањето на полициската станица во Тетово заедно со активистот Етеми.
Инаку, група која се нарекува „Младинско движење“ на социјалните мрежи објави дека стои зад поставувањето знаци и налепници со натпис „Јавна куќа ДУИ“.
СВР Тетово соопшти дека непознати лица на 10 локации, односно кружните текови низ градот, на метални столбови и на сообраќајни знаци поставиле знаци и постери со навредлива содржина насочена кон политичката партија ДУИ.
Ново на Сител
-

Трамп од Анкара упати критика до НАТО и изрази разочарување од недостигот на поддршка за САД
-

Клековски: Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт
-

Кривична за две физички и едно правно лице за намерно предизвикување стечај и оштетување или повластување на доверители
-

37 годишна скопјанка пронајдена почината во својот дом во Аеродром
-

Завршните зборови за случајот „ДКСК“ одложени за утре
-

Почнува судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане
-

Современото банкарство се одликува со едноставно и приспособено корисничко искуство
-

Николоски: Почнуваме со најкрупната реформа - имплементација на новиот Национален едношалтерски систем
