Активен е пожарот кај охридските села Вапила и Сирула, 26 се изгаснати во изминатото деноноќие
Активен е пожарот кај охридските села Вапила и Сирула – гори борова дабова шума и ниска вегетација, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Интервенирано е со едно противпожарно возило на ТППЕ – Охрид со тројца пожарникари и три лица на ЈП „Национални шуми“, подружница „Галичица“.
Освен овој активен пожар во Охридско, 26 се изгаснати, соопшти утрово ЦУК за состојбата со пожарите во земјава во изминатите 24 часа.
Во изминатото деноноќие (9-10 август 2022) изгаснати се пожарите:
– Скопје Студеничани с. Пагаруша – горела сува трева и е интервенирано со едно противпожарно возило и тројца пожарникари од 12.40 до 13.45.
– Скопје Ѓорче Петров – с.Орман горела сува трева и е интервенирано со едно противпожарно возило и тројца пожарникари од 15.40 до 16.45.
– Куманово Табановце с.Речица – сува трева и заштитен багремов појас и е интервенирано со едно противпожарно возило и двајца пожарникари од 16.20 до 23:00 на површина од 50 хектари и е ликвидиран.
– Куманово – с.Ропалцеи с.Никуштак – горело стрниште и е интервенирано со едно противпожарно возило и тројца пожарникари од 21:50 до 23:10.
– Куманово – нас. Бедиње горела ниска вегетација и е интервенирано со едно противпожарно возило и тројца пожарникари 19:50 до 20:27.
– Куманово – ул. „Моша Пијаде“, горела станбена зграда и е интервенирано со едно противпожарно возило и пет пожарникари од 20:45 до 21:30.
– Битола – нас. Баир горело ѓубре и гуми и е интервенирано со едно противпожарно возило и двајца пожарникари 14:00 до 16:10.
– Битола – магистрален пат горела сува трева и ниска вегетација – ликвидиран.
-.Прилеп – Битола – Ресен, горело запалено ѓубре и е интервенирано со едно противпожарно возило и тројца пожарникари 20:40 до 21:35
Ново на Сител
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје
-
Загина 20-годишно момче во сообраќајка кај Новоселани
-
Со автоматска пушка влегол во казино и одзел над 5000 евра
-
Локалните избори во Србија и изборите во Белград ќе се одржат на 2 јуни
-
АСО: Неоправдано е поскапувањето на полисите
-
Со лажен сертификат за англиски јазик аплицирала за директорка и добила работа, сега ќе одговара кривично
-
Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети
-
Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај