Актерот Бредли Купер нападнат со нож во метро во Њујорк
Американскиот глумец Бредли Купер, при гостувањето во интернет-емисијата „Дакс Шепард“, проговори за тоа како бил нападнат со нож во метро во Њујорк.
– Ножот беше вперен кон мене! Беше прилично лудо. Тогаш сфатив дека сум премногу опуштен во градот. И мојот телохранител беше опуштен, вели Купер.
Тоа се случило во октомври 2019 година кога одел да ја земе својата ќерка Леа де Сејн од училиште. Глумецот почувствувал дека некој му приоѓа на крајот од вагонот на метрото и, иако на почетокот мислел дека непознатата личност сака да се фотографира со него, набрзо сфатил дека средбата не е пријателска.
– Се свртев, погледнав надолу и го видов ножот, се сеќава Купер. – Погледнав нагоре, ја гледам личноста пред мене и се изненадив колку тој беше млад!, раскажува тој.
Купер имал слушалки, па не го чул човекот што го напаѓа. Му го соборил ножот со лактот и побегнал, а успеал да направи и две фотографии од напаѓачот коишто подоцна ѝ ги покажал на полицијата.
– Разговарам со нив, а службеничката постојано ме прашува дали сум прободен?, рече Купер, објаснувајќи дека луѓето кои се прободени со нож, честопати и не го сфаќаат тоа на почетокот бидејќи се во шок.
Глумецот не бил повреден и се вратил во метрото по ќерка си.
– Тоа беше лудо!, заклучува тој.
Ново на Сител
-
Полицијата презема мерки за пронаоѓање шест лица - работници од Непал
-
Избувна пожар во светиниколско: Изгоре штала, две грла добиток, млин, сточна храна
-
Во Струмица oбид за киднапирање на тригодишно дете, полицијата испитува дали се работи за кривично дело
-
Мицкоски за можна средба со Мицотакис во Вашингтон: Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и добри соседи
-
Путин очекува Орбан да зборува од името на Европа за Украина
-
НАТО на самитот во Вашингтон ќе бара стандардизација на артилериската муниција
-
Столтенберг се надева дека Украина може да се приклучи на Алијансата во следните 10 години
-
Шолц вети дека поддршката на ЕУ за Украина нема да ослабне, и покрај посетата на Орбан на Москва