Актерката Тинка Ристеска половина век на сцената на Струмичкиот театар

Од седумдесет години на нашиот театар, мои 50 се вложени во театарот. Активно 35 години, но формално само заминав во пензија во 2005 година и оттогаш постојано играм. Никогаш нема да го заборавам ноември 1969 година кога дојдов првиот ден и почнав со улогата на Донка во „Бегалка“, а годинава завршив со Аманда во „Стаклена менажерија“, вели актерката Тинка Ристеска, која доби специјално признание на одбележувањето на седумдесетгодишнината од постоењето на Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица.
Додава дека многумина ја прашуваат како толку години останала во театарот, а одговорот, вели, можеби ќе звучи како клише.

-Еднаш кога ќе стапнете на театарските даски, кога ќе ве фати таа необјаснива магија веќе нема назад, фатен си во стапицата. Нема бегање. И така се редеа годините. Улогите нема да ги редам бидејќи се многу. Не може за кратко време да се набројува сè од тие педесет години. Нема што не сум играла, но никогаш не си одиграл сè. Секоја нова улога, секој нов проект е нов предизвик и никогаш не можеш да се заситиш, објаснува Ристеска.
На прашањето дали е тешко да се издвои улога и која повторно би ја одиграла, актерката одговори дека улогите се како нејзини деца и не може да се одделат.

Подвлекува дека има голема разлика од нејзините почетоци и денес, посебно во однос на репертоарот.
-Тогаш имавме по седум-осум премиери годишно, од кои пет-шест целовечерни и две до три детски претстави. Сега има три проекти во цела сезона. Тука е осиромашен театарот. Знаете, ние во малите театри сме наиграни, не можеме да се пожалиме дека не играме. Во големите театри во државата има колеги кои со години ги немам видено на сцена. Ние не можеме да се пожалиме, додаде Тинка Ристеска, пензионирана актерка на Струмичкиот театар.
Ново на Сител
-

Секое дете во Германија ќе добива по десет евра месечно за пензиска заштеда
-

Данас: Српски филмски здруженија ќе поднесат кривична пријава против министерот за култура Никола Селаковиќ
-

ЈП „Комунална хигиена“: Ставени во употреба новите специјални комунални возила
-

Златар од Тетово шверцувал накит вреден четири милиони денари во перница за врат на Богородица | ВИДЕО
-

Клековски го посети болнички комплекс „Мајчин дом“ - најголемата клиника по неонатологија во Бугарија
-

Средба на министерот Клековски со повредени од пожарот во „Пулс“
-

Францускиот министер за внатрешни работи вети повеќе полиција на улиците низ градовите
-

Во Атина се очекуваат протести на студенти и на ученици
