Ако се омажите во јануари ќе бидете заљубени - во септември ќе бидете богати
На балканските простори некогаш се верувало дека секој месец има свое значење и според него се одредува успехот на бракот.
Јануари - Стапи во брак додека годината е нова - тој ќе биде заљубен, добар и искрен.
Февруари - Кога февруарските птици спијат, не се венчавај, туку плаши се од својата судбина.
Март - Ако се омажиш во периодот кога дува мартовски ветер, ќе имаш и уживање и солзи.
Април - Ако сте во можност, венчајте се во април, тоа е идеално уживање и за него и за неа.
Мај - Секоја свадба која се одржала во месец мај била несовршена.
Јуни - Ако се омажиш во период кога растат јунските рози, ќе мора да обиколиш и копно и море заради партнерот.
Јули - Оние кои ќе се венчаат во јули ќе мора да работат само за да се прехранат.
Август - Оние кои се венчани во август ќе поминат низ големи промени во текот на животот.
Септември - Склучувањето на брак во црква во овој месец ќе ви донесе богат и добар живот.
Октомври - Ако се омажиш или ожениш во овој месец, љубовта ќе расте, но богатството ќе се намалува.
Ноември - Ако се венчате во темниот ноември, можеби ќе треба време, но уживањето ќе дојде.
Декември - Кога ќе падне првиот снег, омажи се и заколни се на искрена љубов која ќе трае.
Ново на Сител
-
Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV
-
Прв говор на папата Лав Четрнаести: Бог нè сака сите, безусловно
-
Девизните резерви на крајот на април 4,77 милијарди евра
-
Македонските ракометари ја совладаа Естонија во евроквалификациите
-
Американецот Роберт Превост е новиот папа, со избрано име Лав 14
-
Кардиналот Ре се надева дека вечерва ќе биде избран новиот папа
-
Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара
-
Кривична против 39-годишник, ја следел неговата поранешна партнерка и упатувал закани преку пораки