Ако сакаат „да го освојат светот“, француските ученици треба да учат англиски
Франција ќе преземе чекори за да се подобри знаењето на учениците и студентите по англиски јазик, за да ги подготви „да завладеат сo светот“, изјави францускиот премиер Едвар Филип.
Француските ученици традиционално заземаат незавидни места на меѓународните ранг листи за владеење со англискиот јазик. Во најновото рангирање на меѓународниот образовен центар „Еџукејшн фрст“,Французите се на претпоследното место во Европа, а со полош англиски се само Италијанците.
- Англискиот сега е неофицијален меѓународен јазик. Тоа е ситуацијата. Треба да зборуваш англиски, ако сакаш да се справиш во услови на глобализација, изјави премиерот Филип на прес-конференција во градот Лил.
Тој рече дека Владата ќе ги задолжи средношколците и студентите да се здобијат со меѓународно признати сертификати како ИЕЛТС. Овие тестови, кои чинат околу 230 евра, ќе ги плати Владата, нагласи Филип.
- Убеден сум дека овие мерки ќе ги сменат работите. Тие ќе им помогнат на повеќе Французи да одат и да го освојат светот, додаде тој.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден