Балкан
29. јуни 2017 - 10:25

Ако одите на одмор во Грција внимавајте - ова е најголемата опасност која демне

Ако решивте одморите да ги поминете во Грција, тогаш треба да внимавате на најголемата опасност која демне периодов, а тоа се кражбите. Крадците оперираат по автомобилите, а ако сте оставиле нешто и на терасите, па дури и во апартманите.

Многу сведоштва летово зборуваат за тоа дека и оваа година крадците не мируваат: - Бев во апартман на Никити, ми земаа 50 евра и златно ланче од сопругот додека бевме на плажа, вели за српските медиуми жена од Србија.

Акцентот на кражбите е ставен на големите и популарни плажи, па ако се најдете на некоја од тие локации добро заклучете го апартманот каде сте сместени, не оставајте ништо на тераса, и не оставајте ништо во автомобилите.