Ако има зголемен број заразени со КОВИД-19 повторно рестриктивни мерки

Во случај на зголемување на бројот на заразени со вирусот КОВИД-19 повторно ќе бидат воведени рестриктивните мерки што ги укина денеска Владата, предупредува премиерот Оливер Спасовски и апелира на почитување на мерките за носење на заштитна опрема, одржување дистанца и однесување по протоколите што ги утврдува Комисијата за заразни болести.
– Денеска можеме да констатираме дека се исполнети условите да ги намалиме рестриктивните мерки коишто не ги воведовме ние како Влада ниту Комисијата за заразни болести ни ги предложи заради тоа што така сакаат или ние така сакаме, туку заради тоа што тоа го наложуваше состојбата. Ако секаде во светот имаше различни пристапи, константа во секоја од државите е заштитна опрема, одржување на растојание и рестриктивни мерки во одреден период се со цел да се пресечат патиштата на ширење на вирусот. Сега граѓаните знаат што се очекува кога има зголемен број на случаи. Тоа ќе значат повторно рестриктивни мерки, повторно сериозни проблеми кои ги имавме и досега и затоа апелираме на сите да ги почитуваме мерките кои се уште се во сила, а тоа е носење на заштитна опрема, одржување дистанца и однесување по протоколите што ги утврдува Комисијата за заразни болести, рече Спасовски, во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата по владината седница на која беше најавено олабавување на рестриктивните мерки за коронавирусот.
Доколку се почитуваат мерките, како што рече Спасовски, немаме опасност дека ќе дојде до ситуација на повторно зголемување на брјката на вирусот. Затоа уште еден апел до граѓаните да ги почитуваме мерките, рече Спасовски.
Ново на Сител
-

Товарен брод нападнат во Ормуската Теснина
-

Анкета: Две третини од Американците веруваат дека земјата се движи во погрешна насока
-

Кремљ: Цените на нафтата може да се зголемат уште повеќе ако продолжат украинските напади врз руските објекти
-

Сиљановска Давкова - Хачатурјан: Ново поглавје во меѓусебните односи и можности за конкретна соработка во повеќе сектори меѓу Македонија и Ерменија
-

Израел го продолжи притворот на шпанскиот и бразилскиот активист од флотилата за Газа
-

Папата го одбележа Светскиот ден на слободата на медиумите, изразувајќи жалење за убиствата на новинари
-

Бројот на загинати во пукањето во турско училиште се зголеми на 10
-

26-годишен возач удрил пешак кој се здобил со сериозни телесни повреди
