-->
-->
Ако го правите ова - си го уништувате бракот или врската
-->

Дали некогаш, кога ќе се вратите од работа го прашувате вашиот партнер, „Здраво како си? Како го помина денот?“ и да го сослушате. Сигурни сме дека почесто по отварањето на вратата ги фрлате клучевите и веќе се расправате за некоја небитна работа.
Не грижете се, нормално е да влегувате во дискусии како овие некој период, тоа е потврдено од д-р Џон Готман, психолог на Универзитетот во Вашингтон и основач на Готман Институтот.
Кога реагирате пребрзо поради нервоза или фрустрација поради некоја баналност, дали сте сигурни дека некогаш тој/таа е во право? Кога се ќе се заврши, се извинувате ли? Или само продолжувате по свое и сметате дека однапред мора да знае таква работа?
Ако се најдете во оваа ситуација, свесно или не, ја доведувате врската или бракот до крај.
Готман и психолог од Универзитетот во Калифорнија, Роберт Левенсон сметаат дека таквото однесување, со константни критики, опструкција на било каков договор и систем на камена одбрана во 93 отсто од случаите е одговорно за развод.
Ваквиот заклучок е произведен после 14 години тестирање на 79 двојки од САД (од тие имало 21 развод за време на студијата), а објавен е во 2012 година.
Исто така, последната студија на 373 парови кои стапиле во брак, покажува дека мажот и жената се разделуваат после една година заеднички живот затоа што констатно си викаат еден на друг и чувствуваат презир кон партнерот.
Се е поради комплексот супериорност.
Чувството дека сте попаметни, подобри или по чувствителни од партнерот е првиот знак дека мислењето од другата страна за вас не е важно. Покрај тоа, вие не сакате да бидете во негова улога за да размислите околу тој став.
Професорот Готман изјавил дека за време на неговите разговори секогаш им било важно што мисли и чувствува, додека многу помалце се грижат за тоа што мисли партнерот.
Доколу почувствувате вакви работи во вашата врска, не значи дека врскатас или бракот се на ивица на колапс, но морате да бидете свесни дека постојат негативни работи и мора да ги отстраните. Не смеете да дозволите да одат премногу далеку, бидејќи во тој счучај би продолжило мачењето до првата „раскрсница“, каде едната страна би сакала промени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Белата куќа демантира дека постои меморандум за разбирање со Иран за завршување на војната
-

Влада: Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за нашата европска ориентација
-

Времето утре нестабилно со пороен дожд
-

Иран соопшти дека нацрт-договорот со САД ќе ја обнови пловидбата низ Ормуската Теснина и ќе ѝ стави крај на поморската блокада
-

Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа
-

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3
-

Приведени 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола
-

Најевтините 10 и најскапите 10 градови во Европа за туристите
