Акциска контрола во винички угостителски објекти, приведено едно лице, затекнати и малолетници

Во акциска контрола на СВР Штип на угостителски објекти биле затекнати малолетници, а лишено од слобода било едно лице, соопшти МВР.
-Синоќа и денеска во временски период од 22.00 до 02.30 часот во рамки на активностите на Секторот за внатрешни работи Штип од страна на полициски службеници од ОВР Виница, ПС ОН Берово, ПС ОН Пробиштип, ПС БПС Штип, од ПСОН Штип и од ОКП Штип, беше спроведена акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на Виница, објекти што ги посетува младата популација. Во овие активности беа вклучени и претставници на Државниот пазарен иснпекторат, на Управата за приходи, на Државниот трудов инспекторат и на ДЗС, стои во соопштението.
Притоа, како што додаваат оттаму, детално се контролирани три угостителски објекти при што едно лице е лишено од слобода по член 215 од КЗ на РСМ, а од страна на УЈП констатиран е прекршок по чл. 5 ст. 10 од Законот за регистрирање на готовински плакања.
- Покрај ова во еден од објектите констатирано е присуство на четири малолетни лица за кои постојат основи на сомнение дека се послужени со алкохолни пијалоци, а по добиените резултати од вештачењето ќе биде покрената и соодветна постапка. Малолетниците веднаш се повикани во просториите на ПС ОН Виница и во присуство на нивни родители е извршен разговор, в.в сторена КД по чл. 204 од КЗ на РСМ, се додава во соопштението.
Дополнително од страна на ДПИ Штип било констатирано непоседување на Одобрение за користење на јавна површина од општина Виница, а неправилности се утврдени и од ДТИ односно констатирано е дека се затекнати работно ангажирани лица за коишто не е приложен доказ за заснован работен однос.
-Меѓу затекнатите работно ангажирани лица во еден од објектите затекнато е и малолетно лице за кое што исто така не е приложен доказ за засновање на работен однос. Инаку за активностите е известен и дежурен ЈО при ОЈО Кочани, додаваат од МВР.
МИА
Ново на Сител
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
-

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
-

Еуродизелот поевтинува за два денара, цените на другите горива остануваат исти
-

Приведени двајца соственици и управители на златара поради сомнение за даночно затајување со што е оштетен држвниот буџет од 64.924.298 денари
-

Три закони за високо образование и наука наскоро ќе бидат поставени на ЕНЕР
-

Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
-

Грчките земјоделци попладнево повторно ќе го затворат граничниот премин Евзони
-

Јаневска: Стратегијата за образование 2026-2030 ќе биде донесена на почетокот на јануари
