Акциска контрола во Тетово: Затекнати лица без сертификат
Синоќа (25/26 декември) од 23 до 2 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола со која вкупно биле опфатени четири угостителски објекти во Тетово.При контролата, во угостителски објект на улица "Димо Гавровски-Кара" биле затекнати и во координација со Државен пазарен инспекторат со соодветни поднесоци санкционирани четири лица од тетовските села Шемшово, Нераште, Мала Речица и Џепчиште, кои не поседувале сертификати за примена вакцина против "ковид-19" и 2 лица без документи за идентификација.
Двете лица без документи приведени се во Полициска станица Тетово за натамошна постапка, а санкции ќе следуваат и за угостителскиот објект.Во угостителски објект на улица "Маршал Тито" , пак, бил затекнат еден малолетник и нему ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Министерството за култура и туризам обезбеди 15 милиони денари за реконструкција на црквата Св. Кирил и Методиј во Струмица
-
Крводарителството во Охрид во подем
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, потпретседател на Собрание
-
Акција против загадувачите
-
Нови правила за сезонските работници во Македонија
-
Студентите ќе ги учат вработените во МОН
-
За 3 дена, 3 жртви во 2 сообраќајки на истокот