Акциска контрола во Гостивар и Струга: Неиздавање фискални сметки, санкции за 14 угостителски објекти поради непочитување на законите
На 18.02.2022 полициски службеници од Бирото за јавна безбедност-Оддел за криминалистичка полиција и инспектори од СВР Скопје во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во 25 угостителски објекти во Гостивар и во Струга и при тоа се констатирани низа неправилности во 14 објекти, кои се законски санкционирани.
Од страна на Управата за јавни приходи се изречени санкции кон седум објекти во Струга и седум објекти во Гостивар, во кои се констатирани различни неправилности: неиздавање на фискални сметки, немање резервен фискален апарат итн.
Од страна на Државниот пазарен инспекторат пак изречени се санкции за седум објекти во Гостивар поради разни видови непарвилности кои биле констатирани при контролите.
Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период.
Ново на Сител
-

Најстудено на Попова Шапка, Битола и Крива Паланка
-

Трамп: Данска не ја елиминира руската закана по Гренланд, време е да се направи тоа
-

Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба
-

Кошта најави вонреден Самит на ЕУ посветен на случувањата околу Гренланд
-

Најмалку 39 луѓе загинаа во железничка несреќа во Шпанија
-

Автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, исклучок кај 10 линии
-

Православните верници го слават Богојавление-Водици
-

Студено и сончево, минималната температура - 8, максималната 6
