Акција за заштита на шумите од пожари во летниот период

Општинскиот противпожарен сојуз од Гевгелија денеска на граѓани им делеше флаери со информации за превентивните мерки што треба да се применуваат за време на престојот во шума.
Членови на Противпожарниот сојуз претпладнево од 9 до 12 часот, во придружба на претставници од шумското стопанство „Кожуф“, шумската полиција и од полициската станица во Гевгелија ги делеа флаерите во близина на селото Ново Конско, односно на возачи кои се движеа по регионалниот пат од Гевгелија кон Смрдлива вода.
– Посебно предупредуваме да не се пали оган на отворен простор, да не се пали непотребна вегетација во близина на шумите, да се отстранува вегетацијата покрај јавните патишта и да не им се дозволува на децата да си играат со запалки, велат од Општинскиот противпожарен сојуз.
Денешната акција се реализира и со поддршка од општина Гевгелија.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски на одбележување на 150 години од Разловечкото востание
-

Како да се надмине јазот помеѓу мажите и жените на работните места
-

Струмица ја проширува гасоводната мрежа
-

„Клепало“ по две децении конечно пред отворање
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
