Македонија
11. July 2017 - 10:59

Акција за расчистување на дивите пазарџии во општина Центар

Акција за расчистување и дислокација на дивите пазарџии и нелегално поставените тезги околу „Зелен пазар" и пазарот „Буњаковец" започна општина Центар, во координација со Секторот за внатешни работи – Скопје, Сообраќајната полиција, Секторот за инспекторат на Град Скопје, Државниот пазарен инспекторат и ЈП „ПОЦ“.

Општина Центар, како што информираат, преку соопштенија и флаери ги известиле препродавачите да ги дислоцираат нелегалните тезги, како и дека по истекувањето на законски дадениот рок, ќе следуваат и казнени мерки.

По заедничката акција, како што се наведува во соопштението, за дивите препродавачи ќе бидат изречени парични казни или одредена општо корисна работа, а робата ќе се одзема со казнени мерки.