Акција за расчистување на дивата депонија во Бутел
Инспекторатот на Град Скопје во соработка со МВР, ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „Улици и патишта“ денеска почна акција за расчистување на дивата депонија на улица „Александар Урдаревски“ во општина Бутел.
Како што соопшти Град Скопје, оваа дива депонија е лоцирана при вонреден инспекциски надзор извршен на 26 јули 2019 година. – На лице место е констатирано незаконско депонирање комунален отпад, градежен шут и земја. За оваа дива депонија првпат во историјата на Град Скопје е поднесена кривична пријава за неовластено фрлање смет врз основа на Кривичниот законик, стои во соопштението.
– Акцијата на расчистување на дивата депонија и враќање на теренот во првобитна состојба почна денеска бидејќи не се пристапи со извршување на издаденото решение и рокот за расчистување од Градскиот инспекторат, а лицето против кое е поднесена кривична пријава ќе ги сноси трошоците за расчистувањето на дивата депонија, се наведува во соопштението.
Градот најавува дека засилените контроли на Градскиот инспекторат ќе продолжат и во наредниот период со цел спречување на несовесно постапување со отпадот и создавање диви депонии што ја загрозуваат животната средина.
Ново на Сител
-

Трето државно квиз првенство
-

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“: Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат на слобода
-

Голема акција на МВР: Претреси на дваесетина локации поради фалсификувани возачки дозволи
-

Лабораториски произведен протеин од јајце стигна до големите маркети во САД
-

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше вреќи и кутии ѓубре во Радика
-

Во пожар во Шуто Оризари изгореа неколку објекти
-

Намален бројот на одобренија за градба
-

Денеска се празнува отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител

