Акција за донирање апарати за домаќинство и облека за поплавените
Градската организација на СДСМ Скопје организира хуманитарна акција за помош на граѓаните од местата кои беа поплавени по невремето на 6 август.
Под мотото „Хумано Скопје подава рака“, акцијата ќе се спроведува на три пункта во општина Аеродром и во општина Кисела Вода, од 10 до 12 часот.
Ќе се собираат исправни електрични апарати за домаќинство и облека за граѓаните од погодените подрачја во Скопско, а донациите ќе ги преземаат младите членови на партијата (СДММ).
Пунктови во Аеродром се: Паркинг на Неоком - Железничка станица; Паркинг на ОУ „Љубен Лапе“ и Последна автобуска станица на бр. 5 во населба Ново Лисиче.
Пунктови во Кисела Вода се: Парк спроти Општина Кисела Вода; Парк спроти Расадник - кино Кисела Вода и Паркинг пред поштата во населба Драчево.
Ново на Сител
-
Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Изречени 34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола
-
Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно
-
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа