Македонија
29. May 2024 - 12:25

Акција за чистење на Охридското Езеро

Наставници, учениции и невладини во еко акција.

Наставници , ученици и невладини  во еко акција.Расфрлан најразличен отпад од храна и пијалоци  е она што на повеќе плажи се чистеше крајбрежјето на Охридско Езеро се со цел градење на еколошки свесна младина.

Од Здружението на граѓани „Нова порта“ велат дека преку вакви акции за чистење на најкритичните места вдолж брегот на Охридско Езеро се подигнува свеста кај јавноста, а од друга страна се остава чиста слика пред почетокот на туристичката сезона во Охрид.

Ниската еколошка свест кај населението е клучен проблем. Несовесно се одлага секаков вид отпад на брегот но и во самото езеро.

Генерално свеста за потребата од грижа за околината е на незадоволително ниво.Младите испратија силни еколошки пораки за зачувување на најстарото и највредното природно езеро во земјава и Европа.

Од Нова Порта посочуваат дека плажи, како еколошко чисти, ќе се обележат и со еко-знамиња а предвидено е да се реализираат и неколку подводни чистења на езерото во Охрид и Струга.