-->
-->
Акција на германската полиција за спречување на говор на омраза
-->

Германската полиција денеска спроведе обемна полициска акција во која се претресени домовите на околу 60 лица, кои објавувале пораки со говор на омраза на социјалните мрежи, јави дописникот на МИА од Берлин.
Германската федерална кримминалистичка полицика (БКА) објави дека цел на претресите биле осомничени од целата држава, кои ширеле антисемитски, ксенофобични и други видови на екстремистички пораки.
Операцијата е спроведена во 14 од вкупно 16 германски покраини, а во неа учествувале 25 локални полициски оддели. Како резултат на пронајдените докази отворени се 40 истраги.
БКА во своето сооштение информира дека ова е прв случај на национална истрага за ваков вид криминал во Германија.
Проблемот со говорот на омраза на социјалните мрежи во Германија се зголеми со порадтот на бројот на бегалци кои пристигнаа минатата година (над 1,1 милиони) .
Според анализата на Центарот за истражување „Пју“, објавено минатата недела, мнозинството Германци сметаат дека бегалците се поврзани со зголемената опасност од териризам и дека тоа ќе влијае негативно на германската економија.
Во обид да се спречи говорот на омраза на Фејсбук, Твитер и другите социјални мрежи, лани од сопственикот на Фејсбук, Марк Цукенберг беше побарано да создаде специјална група за бришење на негативни пораки од социјалната мрежа.
Откако германскиот минситер за правда Хајко Маас ги обвини социјалните мрежи дека реагираат бавно во отстранувањето на пораките со говорот на омраза, Фејсбук, Твитер и Гугл се согласија расистичките и ксенофобичните пораки да ги бришат во рок од 24 часа.
Според соопштението на БКА, целта на денешната операција била да се запре „остриот раст на вербалниот радикализам“. Осомничените се обвинети дека објавувале говор на омраза на социјалните мрежи од јули до ноември минатата година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Србија и Црна Гора ќе поднесат заедничка кандидатура за домаќини на машкото ЕП во одбојка
-
Стејт департмент: Трамп ја отфрли идејата за странска управа во Украина
-
Лишен од слобода возачот кој со возило удри велосипедист во Скопје
-
УНИЦЕФ: Најмалку 322 деца наводно убиени во Газа по прекинот на огнот
-
Кривична за 10 припадници на ЕБР за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Врховниот суд ги разгледа извештаите за работата на пониските судови
-
Исчезна 14 годишно девојче од Скопје
-
Ќе продолжи изградбата и реконструкцијата на повеќе театри, предвидени 123 775 000 денари