Акција на албанската полиција за спречување на шверц на дрога
Албанската полиција спроведува голема акција за борба против дрогата на целата територија на Албанија, при што досега се запленети повеќе тони марихуна.
Како шѕо јави дописникот на МИА, акцијата, со која раководи генералниот директор на полицијата Хаки Чако, се спроведува во Валона, Тирана, Лежа, Елбасан, Скадар и други албански градови.
Во магацин во местото Лакадунд во близина на приморскиот град Валона полицијата открила 15 тони марихуана и пет автоматски пушки „Калашников“, при што уапсила пет лица. Во Каваја, пак, се запленети 700 килограми марихуана и се приведени неколку лица.
Поголемо количество марихуани, според тиранската телевизија Топ чанел, е запленета и во Тирана и Пермет, но за колкав износ станува збор не се наведува.
Акцијата продолжува во неколку градови.
Ново на Сител
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба